Кој е Мустафа Имери, првиот директор Албанец на Филхармонија?

t

Мустафа Имери (1981, Скопје) е новиот директор на Македонската филхармонија, што го назначи ресорниот министер Зоран Љутков, на јавно распишан Конкурс.

Вработените во Македонската филхармонија изминатиов период протестираа пред Министерството за култура и туризам, затоа што се сомневаа на потенцијална департизација во однос на изборот на директор на оваа институција, и бурно реагираа со отворено писмо до премиерот Мицкоски и министерот за култура Љутков, оценувајќи дека процесот е компромитиран.

Според Конкурсот, директорот на Филхармонија треба да има најмалку пет години работно искуство во културата, да биде истакнат културен работник со докажани референци, да приложи четиригодишна развојна програма и да поседува меѓународен сертификат за англиски јазик (B2).

Тогаш Левица јавно го праша министерот Љутков: Дали посочениот Имери ги исполнува овие критериуми или неговото учество на Нота Фест ќе му биде доволна препорака?

Протестот на вработените во Македонска филхармонија доаѓа откако претходно вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити во ТВ интервју посочи дека при поделбата на раководните функции во институциите, ВЛЕН ја добил Филхармонијата и дека директор ќе биде Мустафа Имери.

Кој е Мустафа Имери, првиот директор Албанец на Филхармонија?

Според достапните информации, тој бил професор-тенор и 15 години раководител на Катедрата на албански јазик во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“. Завршил на ФМУ во Скопје, и е дипломиран соло-пејач. Во јавноста е познат кога лани, во февруари, на прес-конференција обвини дека бил разрешен бидејќи објавил фотографија со лидерот на Демократско движење Изет Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети –…

Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при…

Претреси и во простории на МВР –…

Врз основа на наредби од судија на…

Чадот е клучната разлика: тројца поранешни експерти…

Во време кога глобалната борба против пушењето…

Две лица кривично ќе се гонат за…

По преземени мерки и активности, Единицата за…

Голема акција на МВР, се апси за…

На дваесетина локации МВР денеска извршува претреси,…