Црвениот крст ги исплати средствата на настраданите од Кочани што се лечат во странство

t

Црвениот крст изврши  исплата на собраните средства на семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“  кои се лекуваат во странство. Како што информираат оттаму, заклучно со денешниот ден собрани се 102.410.247,00 денари донации.

-Во тек е прибирање на податоци за повредените лица хоспитализирани во болниците во државата во соработка со Службата за општи и заеднички работи на Владата. По добивање на списоците веднаш ќе се изврши исплата на средства. Се надеваме во почетокот на наредната недела. Веднаш потоа ќе се пристапи кон усогласување на критериумите за исплата на останатите средства на настраданите, соопштија од Црвениот крст.

Црвениот крст продолжува и со испораката на психосоцијална поддршка на настраданото население преку ангажирани над 100 психолози во соработка со Комората на психолози на Македонија. Во соработка со училиштата се организира секојдневна поддршка за наставници и ученици за справување со настанатата ситуација, како и припадници на противпожарната бригада и припадници на Министерството за внатрешни работи. На барање на универзитетите Црвениот крст организира обуки за прва помош и психолошка прва помош за студентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…

Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…

„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…