Тројца пациенти се уште критични, до крајот на неделава ќе се вратат повеќе од лекувањето во странство

t

Во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од вкупно 193 повредени, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување.

Министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека е подобрена состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба.

-Имаме добри вести. Вкупно ни остануваат од 193 пациенти за среќа само 100 пациенти кои се лекуваат од кои за среќа денеска имаме само тројца критични. Во Македонија се лекуваат 20 пациенти. На Клинички центар петмина, во Стара градска седуммина, петмина во ГОБ „8 Септември“ и тројца во приватните болници. Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти и денеска се враќаат уште двајца пациенти. Имаме најава за враќање на повеќемина пациенти до крајот на неделата, рече министерот Таравари.

Тој нагласи дека катастрофалниот настан во Кочани ги погодил сите, не само како институции туку и како луѓе.

Идната недела ќе се договара во која здравствена установа ќе се сместат потешките случаи, по нивното враќање од лекувањето во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…