Кочанчанец предлага да се изгради меморијален парк на местото на трагичниот пожар
На местото каде што во трагичниот пожар животот го загубија 59 млади луѓе во Кочани, да се изгради меморијален парк од 1600 квадратни метри – тивок и достоинствен простор што ќе го чува нивното сеќавање и ќе понуди духовен мир за сите што ќе го посетат. Ова го предлага кочанчанецот Дарко Арсов, кој на „Фејсбук“ објави и повеќе фотографии со изгледот на паркот според неговата визија.
Проектот предвидува високи тополи што ќе создаваат чувство на заштита и интимност, како и меморијален ѕид со имињата на загинатите – траен потсетник на нивната жртва. Во паркот ќе има и фонтана, симбол на животот и обновата, како и мала црква која ќе внесе духовна димензија и ќе претставува место за молитва и смиреност.
Просторот ќе биде облагороден со зеленило, лаванда и други природни елементи, кои ќе придонесат за мирна и медитативна атмосфера. Паркот ќе биде место каде што сеќавањето и тагата ќе се претвораат во надеж и сила.
„Како граѓанин на Кочани чувствувам обврска да дадам свој придонес за ова место никогаш да не биде заборавено. Верувам дека ваков парк ќе ја одржи живата меморија за нашите сограѓани и ќе биде симбол на достоинството на целата заедница,“ вели Арсов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…