Извршена втората исплата за поддршка на настраданите во Кочани
Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст на РСМ за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482,00 денари. Досега Црвениот крст на РСМ изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Денес е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Од двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000,00 денари од досегашните донирани средства.
Во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање на пристап кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата кои се собираат во Црвениот крст, кој ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата, за што благовремено ќе ве информираме.
Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население. Поради сè уште големиот интерес за донирање, апелот за собирање на средства продолжува и понатаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…