Скопјанец осомничен за насилство врз сопственото дете
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.
На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.
Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.
Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворена истрагата за упадот во Кабинетот на…
Не се пронајдени дигитални траги ниту други…
Муцунски по средбата во Софија: Позициите се…
Позициите на Македонија и Бугарија во однос…
ЕУ бара од Русија итно да ги…
Европската Унија го засилува притисокот врз Русија…
Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во…
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална…
СЗО: Речиси секоја трета девојка од 15…
Околу 43 милиони девојки на возраст од…