Ќе се гради мини ски-центар во Крива Паланка – Ова се деталите
Општина Крива Паланка официјално ја започна постапката за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на мини ски-центар со ски-лифтови на планинскиот локалитет Калин Камен. Со оваа иницијатива се поставуваат темелите за развој на нова туристичка дестинација во источниот дел на државата.
Во изминатите 3,5 години, Општината веќе реализираше значајни активности на терен:
1. Завршени се две фази од алтернативниот пат од Бз Кошари до Калин Камен
2. Обезбедена е проектна документација и финански средства за изградба на адреналински парк
3. Изработена е проектна документација за водоводна линија Калин Камен – Варовиште – Кркља
4. Обезбедена е техничка документација и поднесена апликација за реконструкција на патот од Јоаким Осоговски до Калин Камен
5. Донесен е урбанистички план за хотелско сместување, со веќе издадени две дозволи за градба
6. Урбанистичко-планска документација за типска викенд населба од 60 куќарки е во завршна фаза
7. Донесена е урбанистичка планска документација за хотелски капацитети на локацијата Езерце, на површина од 27.000 м²
Пишува на Фејсбук градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Казино во Кичево крадело струја со уред…
Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…