Костадинов: Струмица го има првиот Шелтер за загрижување на жртви на семејно насилство – добра практика и единствен таков пример во државата!
Општина Струмица го има првиот Шелтер центар за згрижување на жртви на семејно насилство кој се потврди како добра практика и единствен таков пример во државата, објави на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– На денешната средба со претставниците на Здружението „Скај Плус“ кое е партнер во реализацијата на овој проект, разговаравме за работата на Центарот, а ме информираа дека во минатите 5 години колку што постои, тој им помогнал на околу 100 жени и 50 деца.
Покрај просторните услови, општина Струмица секоја година обезбедува и финансиска поддршка за негово функционирање и згрижување на жртвите.
Поддршката од еден милион денари планирани буџетски средства ќе продолжи и годинава со обновувањето на лиценцата и со надеж дека бројот на жртвите на семејно насилство ќе се намалува, а свеста за неговите последици ќе расте.
Шелтер центарот за згрижување на жртви на семејно насилство е само една алка во низата на социјални услуги коишто ги спроведува и поддржува општина Струмица, а кои ја ставаат на врвот меѓу сите општини во државата. – објави Костадинов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две малолетнички нападнале 12-годишно девојче во соблекувална…
Дванаесетгодишно девојче било физички нападнато од две…
Затворски полицаец во Струмица фатен при обид…
Затворски полицаец од Струмица е осомничен за…
Со пиштол и се заканувал на сопругата…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…
Затвореник избегал на пауза од судење во…
Затвореник од затворот во Штип во текот…