Пет лица повредени во сообраќајка во Делчевско
Поради сообраќајна несреќа во близина на месноста Стамерски Преод, во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Пехчево – Берово. Според првични информации, во несреќата учествувале три возила, а на местото на настанот излегле Итна медицинска помош и екипа на ТППЕ Делчево, при што од страна на медицинскиот тим констатирани се повреди кај пет лица.
– Имаме донесено пет повредени лица, по првичните прегледи тројца се во добра состојба, додека двајца од повредените ќе бидат препратени во блиските болници во соседните градови за доутврдување на повредите, истакнаа од Итната медицинска помош.
На местото на настанот се и екипи на делчевската полиција кои вршат увид. Повеќе информации за причините на несреќата најавија во текот на денот. Алтернативен патен правец за сите кои сообраќаат кон Пехчево и Берово е стариот пат преку с.Тработивиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три сообраќајки во една вечер во Тиквешијата,…
Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата,…
Возач тешко повреден во сообраќајка во скопско
На 13.06.2025 година околу 10.00 часот во…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Старец прегази пензионерка во Скопје
Од МВР известија дека вчера околу 19.15…
Девет годишно девојче удрено од автомобил, со…
На 02.06.2025 во 18.15 часот во ОВР…