Апел за нов почеток во Кочани: „Системот што нѐ уби живее преку нас – време е за промена“
По трагичната несреќа во која животите ги загубија 62 млади лица, граѓанската иницијатива објавена на Facebook-страницата „Кочани“ повикува на обединување, заедништво и изградба на поинакво, посовесно и почитувано општество. Со силна порака дека „им должиме“ на загинатите и повредените, објавата ја критикува политичката апатија и нефункционалноста на системот, повикувајќи на граѓанска активност и свест.
„Децении наназад не учеа да молчиме. Ни зборуваа дека тие знаат што е најдобро за нас. Ни ветија иднина, па ни ја одзедоа сегашноста“, се вели во објавата, која го осудува постојниот политички систем и културата на пасивност што, како што се наведува, придонела за трагедијата.
Истовремено, се повикува на создавање на „нова политичка култура“ преку граѓански ангажман и заедничко делување. Од мали иницијативи по маала – уредување јавни површини, поставување корпи за отпадоци, до организирање собири на отворено и вмрежување на граѓаните со локалната самоуправа – се предлага модел на заедништво и одговорност што ќе ја трансформира општината.
Посебен акцент се става на поддршката на новиот независен градоначалник, за кого се вели дека „не може сам“, но дека претставува шанса за искрена промена, само ако добие поддршка од активните граѓани.
„Да изградиме Кочани. Одново. Со почит и љубов кон сите загинати и повредени. Им должиме“, завршува објавата – како повик за обнова на градот, но и на заедницата, вредностите и свеста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Шуто Оризари изгореле над 20 дуќани…
Над 20 дуќани биле опожарени во пожар…
Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на…
Италијанската влада донесе декрет со кој предвидува…
Пријавени четири жени кои си ги натепале…
Жени што си ги тепале мажите, татко…
Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети –…
Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при…
Претреси и во простории на МВР –…
Врз основа на наредби од судија на…