Интерпелацијата на Тошковски на 29 април

t

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната средба со новинарите најави дека на наредната пленарна седница, која треба да се одржи на 29 април, се очекува на дневен ред да се најде интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од група пратеници на Левица.

Од оваа партија претходно беше поднесена интерпелација против Тошковски, поради неколку причини, а најмногу за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 лица.

Причината за интерпелацијата, според Левица, е тоа што Тошковски од позицијата министер за внатрешни работи грубо и несоодветно ја злоупотребил својата јавна функција, постапувајќи непрофесионално, несовесно и неодговорно, што доведе до низа незаконски дејствија, скандали и кадровски промашувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…

Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…

Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

Ден на жалост во Бугарија по тешката…

Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…

Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…

Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…

Денес се празнува Преподобната маченичка Анастасија Римјанка

Родена е во Рим од благородни родители…