Само Сиљановска ќе оди на погребот на папата
Шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова е единствената функционерка од Македонија која ќе присуствува на погребната миса на папата Франциско, утре пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.
Покрај неа, ќе има и делегација од нејзиниот кабинет.
Инаку, минатата година на 23 мај Сиљановска имаше аудиенција кај папата Фрањо, при посетата во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ што се одржува во Рим по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.
Во таа прилика таа му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија собра 47 бомбардери способни за носење…
Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…
ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…
Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…
Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…
Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…
Почина Рускиот амбасадор во САД
Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…
Позната компанија во стечај направила штета од…
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…