(Документи)Имотниот лист на ВМРО-ДПМНЕ има 102 имоти на свое име, СДСМ, Левица и ДУИ по неколку

t

Најбогатата политичка партија во Европа а со тоа и во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, на својот имотен лист имаат запишано 102 имотни листови, односно 102 имоти распоредени на атрактивни локации низ цела држава.

Втора „најимотна“ партија во Македонија е СДСМ со 13 имотни листови за 13 имоти низ Македонија, потоа ДУИ со шест имотни листови, Левица со три имоти запишани на нивно име, додека ЗНАМ не поседува никаков имот и за оваа политичка партија не се води никаква евиденција во единствениот катастар на Р.Македонија.

Според податоците до кои дојде редакцијата на Инфомакс, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен шампион во бројот и големината на имотот кој го поседува. Според имотните листови на владејачката политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ поседува 102 имоти на територија на целата држава. На списокот може да се најдат згради, делови од згради, куќи, деловни објекти, дуќани, пасишта, шуми и ливади. На овој список голем дел од објектите се наоѓаат и во централното градско подрачје во Скопје, на атрактивни локации како плоштад Македонија, улица Македонија итн.

Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ пак е имотен лист со најголема изградена квадратура од неколку илјади квадратни метри, на девет ката со проценета вредност на повеќе од 10 милиони евра. Истиот се наоѓа на адреса „Плоштад ВМРО“.

СДСМ на својот имотен лист имаат запишано 13 имоти на територија на целата држава, а може да се забележат квадратури на деловни објекти со квадратури од 20м2 до 60м2. Од овие објекти со најголема квадратура е објектот на централниот штаб на СДСМ со вкупна површина од 2.040 м2 на ул. Бихаќка во Скопје.

Трета по количина на имот политичка партија е ДУИ, која на својот имотен лист има запишано шест имотни листови. Демократската Унија за интеграција поседува пет деловни објекти меѓу кои и централниот штаб во Тетово како и една нива во с.Дебреште прилепско.

Политичката партија „Левица“ пак на својот имотен лист има запишано три имотни листови, а сите објекти се наоѓаат во Скопје.



На својот имотен лист имаат три деловни простории кои партијата ги користи како штабови од кои еден како централен штаб на партијата. Најголемиот објект на „Левица“ има 250м2 и е централен штаб на партијта.

ЗНАМ на својот имотен лист нема забележано ниту еден обејкт.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…

Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…

Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…