„Вашингтон пост“: Трамп планира илјадници отпуштања во ЦИА и други разузнавачки агенции
Весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на луѓе запознати со плановите, пишува дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира големо намалување на бројот на вработени во Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и други важни разузнавачки агенции.
Во ЦИА, според информациите, планирано е отпуштање на 1.200 вработени, заедно со уште илјадници во други агенции низ американската разузнавачка заедница, објави весникот.
Откако ја презеде функцијата во јануари, Доналд Трамп и неговиот советник, милијардерот Илон Маск, почнаа кампања за намалување на трошоците што доведе до отпуштање на повеќе од 200.000 федерални службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Директорот на руската служба потврди дека се…
Директорот на руската служба за надворешно разузнавање,…
Извештаи: Шефот на ЦИА во Москва ја…
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил…
Трамп сака конфликтот во Украина да заврши…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…