Пратеник на Левица тргна пешки од Гевгелија за да се поклони на гробот на Делчев!

t

По 155 километри и 34 часа пешачење, на потегот Гевгелија – Скопје, пред петнаесеттина минути успешно го завршив и овогодинешниот, петти по ред, Марш за Гоцевите идеали.

Во време на Отоманска Турција, Македонците немаа формирано државна творба. Дел од соседите имаа и ги користеле нивните државни апарати и национални цркви, преку дебело платени државни пропаганди, да го делат македонскиот народ на разни страни спротивна една на друга со цел идно присвојување на Македонија.

Во такви услови македонскиот народ го дава Учителот, Гоце Делчев, кој е лик со магнетизирачка енергија.
Пред неговите проповеди за автономија на Македонија и за балканска федерација исчезнувале сите противречности кај македонскиот народ создадени од странските пропаганди.

Пред неговите посети во македонските села и градови народот се делел на Бугари, Срби, Грци.

После него сите биле Македонците!

Гоце е народен мотиватор, агитатор, инспиратор и ИНТЕГРАТОР.

Гоце и денес, од својот гроб, прави многу повеќе за Македонија од куп функционери изминативе триесетина години.

Учителе,

Поклон до земја и вечна ти слава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…