Затворски полицајци нападнати во Штип и Идризово
Регистрирани се три нови инциденти во македонските затвори, при што повредени се затворски полицајци, стои во билтенот на МВР.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ж.Ж.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 19.03.2025 во Казнено – поправната установа Затвор Штип, три службени лица од установата го затекнале пријавениот со мобилен телефон, кој по усната наредба да го предаде телефонот, упатувал закани кон тројцата, а на еден од нив со стаклен предмет му нанел повреда.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.М.(39) и Т.С.(56), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 18.01.2025 во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавениот В.М. нападнал затворски полицаец додека извршувал службени дејствија. Додека, на 15.02.2025 во Затворот Идризово, пријавениот Т.С. нападнал вработен во установата, додека извршувал работни задачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…
Двајца осомничени за напад на полицајци во…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…
ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…
Страшен настан го потресе Скопје, но не…
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…