„Се грижиме“ – Црешите се продаваат по 1359 денари, јаболките и бананите над 100, цитроните по 130 денари
Цените во маркетите подивеа откако заврши владината мерка за замрзнување на трговските маржи. Дел од производите поскапеа веднаш што предизвика шок кај граѓаните.
Во одредени супермаркети, цената на килограм цреши достигна 1359 денари, цитроните се продаваат за 130 денари, а јаболките и бананите – основни артикли во секое домаќинство – надминуваат 100 денари по килограм.
Но зголемувањето на цените не е ограничено на пример само на овошјето, туку поскапувањата се пресликаа и на основните хигиенски и прехранбени артикли како тоалетна хартија, паста за заби, млеко, масло, јајца и сирење исто така забележаа значителен раст.
Трговците тврдат дека маркетите не се виновни за новите цени. Од таму објаснуваат дека трговците не се носители на ценовниот удар, туку дека тој доаѓа од страна на производителите и увозниците.
„Наглото поскапување на цените е од увозниците и производителите. Ние само додаваме маржа која што не е толку висока и која нема голем удел во поскапувањето на производите. Пред почетокот на месецов добивме нови ценовници, поради што бевме принудени и ние да ги кренеме цените“, се правдаат трговците.
Владата претходно најави дека ќе следи внимателно по завршувањето на мерката и ќе спречи дестабилизирање на ценовниот систем. Но, реалноста на теренот ги надмина очекувањата: инфлацискиот притисок повторно добива замав, а економската неизвесност ја поткопува довербата на потрошувачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва тврди дека погодила трговски брод во…
Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…
Силно невреме во Италија, жена загина во…
Невремето што од вчера ја погодува Италија…
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
