Објавено на:

Семејно насилство пред очите на децата во Скопје: Маж фрлал вазна кон сопругата и удирал во автомобил

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 и Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.

Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да и се заканува, по што зел вазна со која фрлил кон оштетената. Не ја погодил, туку удрил во ѕидот, а оштетената исплашена за својата безбедност веднаш ги зела децата и заминала кај нејзината мајка, додаваат од ОЈО Скопје.

На 7 мај, осомничениот со своето возило го пресретнал патот на автомобил во кој била оштетената и уште едно лице, започнал да ги навредува и да им се заканува, а потоа со нога, тупаници и предмети удирал повеќе пати во возилото. Со овие насилнички дејствија предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиште, обврска да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана на посетување на одредено место или подрачје, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со оштетената, соопшти ОЈО Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

„Се прашуваш каде живее човекот“, вели Жерновски…

Според Евростат, последни сме во Европа по…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…

Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…

Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…

Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…