Некој лаже… Мицкоски најавува инфраструктурен бум, реализацијата на капиталните инвестиции е околу 10 проценти за првите 5 месеци!
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговараше на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува Планот за инфраструктурен бум што беше најавен Македонија 2025.
-Тоа ќе биде еден, би рекол инфраструктурен бум, ако можам така да го наречам. Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако сето тоа ќе биде завршено граѓаните ќе патуваат и ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час, просек. А карго возовите, мислам дека еден таков поминува сега, тие ќе можат, наместо сегашните, во одредени делници од 10 до 15 километри на час, да возат 110 километри на час во просек. Што значи најмалку четири пати повеќе од сегашниот просек. Со тоа очекуваме, не само зголемена брзина на карго превозот којашто ќе транзитира низ нашата држава, туку очекуваме и зголемен интерес за повеќе по бројност композиции коишто секако поради побрзиот транзит, ќе биде зголемен бројот. Очекувам најмалку десет пати тој да се зголеми. Два пати по основ на интерес и четири до пет пати по основ на брзина. Така што во нето износ тоа да биде најмалку десет пати повеќе од ова што денеска е. И крајната цел е Македонски железници годишен приход од својата основна дејност да достигне помеѓу 100 и 120 милиони евра. Тоа е во делот на железничкиот превоз, рече тој.
Премиерот истакна дека веќе ги најавил и инвестициите во здравството.
-Продолжуваме со изградба на Клиничката болница во Штип. Зграда за Медицинскиот факултет, студентски дом, болницата во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, инвестиции од прилика околу помеѓу 190 и 200 милиони евра или во тотал заедно со реконструкцијата на коридорот ќе натфрли бројка од две милијарди евра. И понатаму продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти. Во енергетиката главен фокус ни е проектот Чебрене-Галиште. Пред состанокот на Извршниот комитет имав состанок со министерката вчера, разговаравме околу стратегијата, пристапот и околу начинот на којшто тој проект понатаму ќе го водиме. И убеден сум дека овој пат анализираме, дека државата ќе има можности да направи поинаков договор од тоа што беше во минатото случај, истакна Мицкоски.
Потоа премиерот во однос на реконструкцијата на Коридорот 10, дали е дел од Планот за раст, како услов кој треба да се исполни до 1 јуни, за да може да се повлечат 250 милиони евра од Европската Унија или е најавената инвестиција за новата траса, додаде:
„Дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција којашто на основа на Влада со Влада договор ќе го потпишеме. Многу скоро, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор.“
Спротивно на тврдењата на премиерот заклучно со 14 ти април реализирани се 10, 3% од капиталните инвестиции. Првиот квартал од годинава заврши со остварување од само 8,95% од планираните јавни инвестиции на годишно ниво. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првите три месеци од годинава дел од ресорите кои управуваат со поголеми буџети за јавни инвестиции имаат ниска стапка на остварување, па дури има и министерства и институции кои имаат реализација 0 (нула).
14 министерства со остварување на јавните инвестиции од 0 до 15%
Министерството за финансии – функции на држава кое годинава за капитални расходи ( инвестициски проекти и на локално и на централно ниво) има на располагање 59,5 милиони евра, за три месеци испорачало реализација од само 7,74%. Дел од ресорите под чија “капа“ се значајни инфраструктурни проекти во првиот квартал од годинава испорачале ниски па дури и незначителни стапки на реализација на јавните инвестиции.
Така, Министерството за транспорт кое за годинава има буџет од фантастични 268,4 милиони евра , за три месеци испорачало реализација на капитални расходи од само 2,61%. Слични 2,39% реализација од вкупната сума од 82,5 милиони евра има и во Министерството за животна средина а реализација од 3,15% во однос на вкупните 9,4 милиони евра има во Министерството за социјална политика и демографија. Помалку од 10% реализација има и во Министерството за економија 5,18%, во Министерството за финансии 6,44% и во Министерството за здравство 9,19%. Министерството за образование со буџет за капитални расходи во износ од 37,6 милиони евра, за три месеци потрошило само 10,5% од парите а новото Министерство за спорт од планираните 7,8 милиони евра реализирало 15,09%. Новото Министерството за енергетика кое доби 3,3 милиони евра за капитални инвестиции, во првиот квартал испорача остварување од само 1,46% а Министерството за дигитална трансформација 1,43%. Министерството за јавна администрација пак е со реализација од 0,95%.
Реализација на капитални расходи ( прв квартал)
Мин за јавна администрација 0,95%
Мин за дигитална трансформација 1,43%.
Мин за енергетика 1,46%
Мин. за транспорт 2,61%
Мин.за животна средина 2,29%
Мин. за соц.политика и демографија 3,15%
Мин за финасии 6,44%
Мин за економија и труд 5,18%
Мин за здравство 9,19%
Мин за образование 10,5%
Мин за спорт 15,09%
Извор: МФ
Неодамна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека реализацијата на капиталните расходи се одвива според планираното иако за три месец остварувањето е под 10%.
„Во јануари и февруари времето беше студено, а како што знаете, најголем дел од капиталните расходи се поврзани со инфраструктура. Очекувам зголемена реализација во следните месеци“, изјави министерката.
Повисока стапка на остварување на капиталните расходи има во Министерството за внатрешни работи со 32,3%, Министерството за култура 25,39%, Министерството за земјоделство со 21,86%, Министерството за одбрана со 21,02%, и во ресорите со помали буџети за јавни инвестиции, како Министерството за односи меѓу заедниците со остварување од 99,45%,
Има и ресори кои во првиот квартал испорачале 0 (нула) реализација на капиталните расходи и во оваа група се Министреството за правда, Министерство за надворешни работи и трговија и Министерството за локална самоуправа.
За три месеци со 0 (нула) реализација на јавните инвестиции има и во повеќе институции, дирекции и агенции, меѓу нив се Агенцијата за разузнавање, ДКСК, ДИК, Уставен суд, Агенцијата за управување со одземен имот, ПИОМ, МАНУ..
Капиталните расходи за годинава се позиционирани на историски износ од 768 милиони евра и се нотирани како клучни за остварување на планираниот економски раст.
Мин за енергетика од 3,3 мил евра 1,46
Мин за животна средина 82,5 мил 2,39%
Мин з аранспрт 268,4 мил 2,61%
Мин за социјална политика и демографија 9,4 мил 3,15%
Мин за финасии 6,44%
Мин за економија и труд 5,18%
Мин за образовани од 37,6 мил 10,5%
Мин за здравство од 8,7 мил 9,19
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…