(Видео) Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне – шокирани минувачи ја гледаа сцената со неверување
Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите, заканувајќи се дека ќе скокне. За време на својот говор од покривот, Хојвик им порача на минувачите дека не осудува никого, дури ни премиерот Роберт Голоб, но истакна дека „она што го прават со оваа земја не е исправно“. Во еден момент, тој се закани дека ќе скокне, предизвикувајќи загриженост кај присутните.
Пожарникарите пристигнаа на местото со скали и по некое време, Хојвик изјави дека е подготвен да слезе од покривот со нивна и со помош на полицијата. По настанот, пратеничката група на СДС се извини и побара разбирање од јавноста. „Искушенијата што ни ги наметнува животот понекогаш се премногу тешки. Ве молиме за разбирање и сочувство. Ви благодарам!“, се наведува во соопштението.
Според информациите на словенечката новинска агенција СТА, пратеникот е пренесен во болница со амбулантно возило, придружуван од полициски возила. Полицијата и пожарникарите ја потврдија нивната интервенција на местото на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…