Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
Американскиот државен секретар Марко Рубио по телефонскиот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија подготвува документ во кој ќе бидат наведени барања за прекин на огнот во Украина што би довело до преговори за траен мир.
Рубио во интервју за Си-Би-Ес изјави дека украинската страна ќе работи на свој предлог и изрази очекување дека брзо ќе бидат дадени предлози за продолжување на преговорите.
Рубио нагласи дека би било добро двете страни да дадат предлози во следните неколку дена и ако бидат реални и рационални во својот пристап.
Тој оцени дека директниот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе има позитивно влијание врз напредокот на преговорите и изрази очекување дека тоа ќе се случи наскоро.
„Ако тие листи имаат идеи кои се реални и рационални, тогаш мислам дека сме постигнале напредок. Ако тие документи, од друга страна, имаат барања за кои знаеме дека се нереални, тогаш ќе имаме поинаква проценка.“ изјави Рубио. Тој нагласи дека ова не смее да биде процес само на бесконечни разговори, туку дека мора да има одреден напредок. Рубио рече дека разговарал со Лавров за време на разговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул на 16 мај.
Тој оцени дека разговорите во Истанбул не биле губење време бидејќи е постигнат договор за размена на 1.000 за 1.000 воени заробеници. На прашањето дали Русија се обидува да купи време преку преговори, Рубио рече дека тоа сега ќе биде откриено, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…