Сиљановска-Давкова не го открива името на идниот гувернер
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка.
– Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено. Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш – изјави Сиљановска-Давкова.
Претседателката требаше вчера да го достави предлогот до Собранието, но, од нејзиниот Кабинет, информираа дека ќе направи дополнителни анализи по што предлогот ќе го достави до Парламентот.
Како што пренесуваат дел од медиумите, како тројца најсериозни кандидати се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.
Мандатот на актуелната гувернерка завршува утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…
Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…
ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…
Индискиот премиер Моди ја одби поканата на…
Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам…
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…
Се намалува инфлацијата во Еврозоната
Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше…