(Видео) На граница не дозволуваат да се внесе моторче за неподвижно дете! „Колку пари сакате бре апаши, дрога пуштате, на вакви деца ли ќе јадете?“

t

На граница не дозволуваат да се внесе моторче за неподвижно дете, вели граѓанин во обраќање во живо на Фејсбук.

– Во оваа бандитска држава што ја владеат малоумни еве што се случува и да сакаш не можеш да помогнеш.

Моторчето што го земавме од Германија сега е на граница и не го пуштаат да влезе, со фискална, со се, чиниш Ферари внесуваме. Моторчето е за инвалид дете, фискална има, колку е платено, што е, се има документи, Кој им е проблемот не знам јас. Велат остави го и оди си, како бре да го оставам за инвалид дете е моторчето. Собравме пари и го купивме, ама еве не може да влезе во Македонија. Колку пари сакате бре да ви дадам за да го внесат? Арамии, апаши, нели се најадовте, на тие ли деца ќе јадете бре апаши? Едвај собравме пари да има детето да се движи со нешто, не го пуштаат на граница. Колшари, нели ви е срам? Дрога помина, се помина, за моторчето на детето ли ви е? – вели човекот во обраќање во живо на Фејсбук.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) На граница не дозволуваат да се…

На граница не дозволуваат да се внесе…

Граѓанин се жали: Од Градска болница го…

Од Градска болница во Скопје денеска избркале…

Протест на грчките земјоделци на границата со…

Симболичен и мирен протест, без да биде…

Поради нерасчистен снег на македонска страна, товарни…

Неисчистен снег на македонската страна од граничниот…

Советот на Европа ја критикува Финска за…

Финска го затвори својот последен премин со…