„И оваа сабота одиме за Кочани“: „Кој е следен“ со нов повик за учество на „Маршот за ангелите“

t

Под мотото „Одиме повторно за Кочани“, иницијативата „Кој е следен?“ упати нов повик до сите граѓани да се приклучат на новиот протестен собир „Маршот на ангелите“ кој ќе се одржи во сабота, со почеток во 16:05 часот кај Паркот на Револуцијата во Кочани.

Во духот на солидарноста и општествената одговорност, иницијативата ги охрабрува сите кои имаат слободно место во возило или имаат потреба од превоз, да се пријават преку онлајн формуларот: https://forms.gle/nth9s1F5B24bYoFW7.

„Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек нè намалува сите нас“, стои во повикот на организаторите, кој јасно ја пренесува пораката дека солидарноста и заедничката борба против неправдата се движечка сила на иницијативата.

„Не прашувај каде треба да бидеш во сабота. Одиме во Кочани. Не смееме да ги оставиме сами!“ – е пораката со која „Кој е следен?“ ги мобилизира граѓаните за активно учество и поддршка.

На два месеци од трагедијата и минатата сабота силно одекна молкот во Кочани. Без јавни обраќања, со пишани пораки, родителите и членовите на семејствата на настраданите ги потсетија надлежните дека очекуваат правда и строги санкции за сите кои придонеле да се случи трагедијата. Изразија разочараност од пратениците, посебно од третата изборна единица. Во Кочани владее тага, но и загриженост на граѓаните за квалитетот на лекувањето на повредените кои се вратија од странство.

Во кочанската болница за повредените пациенти адаптирани се простории на одделенијата за неврологија и хирургија. Физикалната терапија ја реализираат двајца физијатри и шестмина физиотерапевти, а преврски за пациентите со изгореници прават двајца хирурзи, медицински сестри и инструментарки, со помош на лекарски тим за пластична хирургија од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…