Трагедија: Во сообраќајката кај касарна „Илинден“ загинале Стефан Ивановски поранешниот командант на единицата „Волци“ и Ана Нешковска вработена во МО

t

Поранешниот припадник и командант на ЕСН Волци Македонија Стефан Ивановски и Ана Нешковска која била негова сопатничка, а работела во Министерството за одбрана – се загинатите во сообраќајната несреќа кај касарна „Илинден“, кога мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ивановски излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

Со емотивен статус за загинатите се прости и ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска.

„Не сакав да поверувам во лошата вест, не сакав да прифатам дека вие двајца сте загинатите во сообраќајната несреќа, не сакав да прифатам дека туѓа неспособност и негрижа прекинаа два живота. Стефан Ивановски, го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант на армиските Волци, кој живееше за државата, Армијата и неговото семејство. Го гледав како еден од идните столбови на Генералштабот. Ана Нешовска, работлива, кротка, но полна со енергија и желба да го промени светот, за неа не постоеше ништо невозможно…Ја гледав како првата жена раководител на военото разузнавање. „Вашето несреќно заминување не скрши сите, изгубивме многу, Министерството и Армијата изгубија многу, но за жал најголема загуба за вашите прекрасни семејства. Нема зборови на утеха, има само зборови за сочувство во оваа огромна тага. Почивајте во мир“, напиша Петровска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил удрил во човек во инвалидска количка

На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…