Малолетник без возачка дозвола прегази пешак во Кисела Вода!

t

Малолетник без возачка дозвола со мотоцикл удрил во пешак во близина на Клиниката за лечење на зависности во Кисела Вода, потврдија од МВР за Инфомакс.

– Денеска околу 19.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки од полициски службеници, пронајден е мотоциклистот и утврдено е дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола. Се работи на расчистување на случајот. – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

Малолетник без возачка дозвола прегази пешак во…

Малолетник без возачка дозвола со мотоцикл удрил…

Млад скопјанец е тешко повреден, возејќи мотор…

26-годишен мотоциклист од Скопје е во болница…

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…