Објавено на:

Автомобил влета во толпа навивачи на Ливерпул, најмалку 50 повредени

t

Најмалку 50 лица, меѓу кои четири деца, се повредени во „ужасен“ инцидент во Ливерпул, откако автомобил удри во толпа луѓе за време на прославата на шампионската титула на фудбалскиот клуб Ливерпул, јави ДПА.

Помошник-комесарот на полицијата во Мерсисајд, Џени Симс, изјави дека настанот, кој се случи на државен празник, не се третира како терористички чин и најверојатно е изолиран случај. На местото на инцидентот е уапсен 53-годишен маж, кој е идентификуван како возач на автомобилот – белец од Ливерпул.

Според полицијата, 27 лица се пренесени во болница, а уште 20 се лекувани на самото место. Четири деца се меѓу повредените, од кои едното е со сериозни повреди. Двајца од повредените се во тешка состојба

Шефот на противпожарната служба во Мерсисајд, Ник Сиерл, рече дека пожарникарите успеале да спасат четири лица, вклучувајќи и дете, кои биле заглавени под автомобилот.

Видео снимки што кружат на интернет прикажуваат како автомобилот забрзува и удира пешаци од двете страни на улицата преполна со луѓе. Сведоци се обиделе да го сопрат возачот, кој подоцна бил приведен од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…

Еден тон подмладок од крап денес е…

76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…

16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…

Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…

Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…

Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…

Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…