Никој нема да смее да гони евентуален криминал кој ќе произлезе од договорот за 6 милијарди задолжување – ЕВЕ ШТО ПОТПИША ВЛАДАТА!
На веб-страницата на Собранието денеска е објавен текстот на договорот кој Владата на Македонија и Владата на Обединетото кралство го потпишаа претходно во Лондон.
Во договорот, меѓу другото, во членот 6 стои:
Учесниците прифаќаат дека овој Договор не создава законски права и/или обврски за Учесниците или било која трета страна согласно националното или меѓународното право.
Било која разлика во толкувањето или примената на овој Договор што ќе настане меѓу учесниците ќе се решава пријателски преку консултации и соработка меѓу Учесниците и нема да биде упатена на која било трета страна, национален или меѓународен суд или трибунал. Ниту еден од учесниците нема право на било каква форма на решавање на спорови во однос на овој Договор, вклучувајќу, но не ограничувајќу се на судски или постапки пред трибунал, арбитража или упатување на трета страна.

Што практиично значи ова? Значи дека Македонија не може да покрене арбитража во случај на кршење на договорот, не можат да се водат ниту судски постапки за евентуални криминали кои произлегуваат од овој договор, со што Владата повторно се стави над правосудниот систем на Македонија.
За разлика од овој договор, кој е веќе потпишан и веројатно ќе биде ратификуван во Собранието, бидејќи не постои пратеник од власта кој е свесен и ќе тргне против својата партија во интерес на граѓаните, договорот кој Мицкоски и Николоски го нарекуваа најкриминален во историјата на Македонија, Бехтел и Енка, може да оди на арбитража.
Кој договор е криминален останува граѓаните да ценат по сопствено убедување. На ваквиот договор треба да реагираат и сите правосудни органи.
Целиот текст на македонски и на англиски можете да го прочитате на следниот ЛИНК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…
Владата донесе Одлуката со која се менуваат…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…