Наставничката која тепаше детенце НАЗНАЧЕНА ЗА В.Д ДИРЕКТОР на училиште!
Гордана Јоначиќ е избрана за В.Д директор на ОУ”Тодор Ангелевски” Битола. Јоначиќ е одделенски наставник во училиштето и доаѓа од редот на вработените.
Одлуката е скандалозна затоа што директорката има кривична пријава за малтретирање на дете, за што Инфомакс претходно детално пишуваше. Претходно, по замолница на родителите и од почит кон институцијата, не го објавивме ниту името на наставничката која сега е директорка, ниту името на училиштето.
6-годишно девојче е тепано и психофизички малтретирано во училиште во Битола, како што вели мајката на девојчето наставничката од целодневна настава го тепала детето и ја нарекувала глупача. Родителите реагирале кај директорот, во МОН, лично кај министерката Јаневска и премиерот Мицкоски, во Општината, просветниот инспекторат, но никој не преземал ништо додека случајот не бил пријавен во полиција, по што веднаш бил повикан јавен обвинител, објавивме претходно.
Според СВР Битола на 08.05.2025 во 19.30 часот во СВР Битола, М.Ј.(38) од Битола пријавил дека во основното училиште во кое учела, неговата малолетна ќерка во повеќе наврати била физички нападната од наставничката Г.Ј.. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Родителите во разговор со Инфомакс објаснија дека девојчето плачело, било вознемирено, го гризело моливот и слично. Истите рекоа дека редовната наставничка во неколку наврати го пријавувала случајот во МОН, но реакција немало, иако инспектори вршеле проверка во училиштето.
Девојчето кое е малтретирано почнало да мокри ноќе и преку ден, иако порано не го правела тоа, а одбивала да оди во училиште во присуство на наставничката која го малтретирала.
Според кажувањето на родителите, наставничката која го малтретирала детето сега се подготвува да биде директор на истото училиште, а од повеќе луѓе слушнале дека зад наставничката стои партијата, поточно владејачката партија.
Родителите не сакаат во никој случај да му наштетат на угледот на училиштето, бидејќи како што велат се работи за проблем во поединец, не во самото училиште. Истите дале шанса без да пријавуваат во полиција наставничката да биде преместена во подрачно училиште, за и таа да го задржи работното место, а и девојчето да не биде во контакт со неа, но биле револтирани кога повеќемина кажале дека истата се подготвува и сака да биде директорка на училиштето.
Малтретираното дете има наоди од психилог, дека детето има трауми и му се препорачува активна работа со психолог и девојчето секоја недела посетува психолог.
Настанот е пријавен во МВР и по истиот постапува јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
24 години од нападот кај Гајре, во…
Денес се навршуваат 24 години од нападот…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
Газди од Битолско измамиле 27 земјоделци, ги…
Сопствениците на компанија од Битолско ќе одговараат…