Полицијата сопрела автомобил полн со огномет – Апсење на наплатна станица Сопот
Вчера во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.К.(65) од Скопје.
По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација и за кој по извршени проверки е утврдено дека има решение за привремена забрана за вршење на дејност. К.П.К е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пресврт на судењето за Ѓоко Ристов: Стафа…
Нов пресврт на судењето против поранешниот апелациски…
„Да не се повтори Орбан“: ЕУ подготвува…
Европската комисија предлага новите членки на Европската…
Жестоки борби за Црвеното Море: Хутите тврдат…
Хутите тврдат дека и натаму ги контролираат…
Обвинителството бара доживотен затвор за обвинетиот сериски…
Јавното обвинителство побара доживотен затвор за 25-годишниот…
Секое одење на училиште ѝ е ризик…
Секое утро во шест часот, десетгодишната Рафиф…