Шабан Салиу: И со душа и со срце тврдам дека немам апсолутна вина за Кочани

t

Министерот без ресор Шабан Салиу кој е осомничен како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување за трагедијата во Кочани откако беше пуштен од притвор излезе на политичка прес – конференција и кажа дека не се чувствува виновен за трагедијата во Кочани за која е осомничен и наскоро ќе има обвинение.

– Апсолутно во тој поглед не чувствувам одговорност, верувам во нашата држава верувам во институциите на системот верувам во правосудните органи дека ќе си ги согледаат аргументите и сите останати посебни моменти од тој случај. Јас сум правник по вокација, јас сум доктор по политички правни науки, 18 години сум бил адвокат сум работел по судовите оставам на совеста на државата да оцени дали имам вина или немам вина. лично со душа и со срце тврдам дека немам апсолутна вина во тој поглед. Истрагата си е секогаш потребна во одредени случаеви јас почитувам максимално, се водам од општата правна иницијатива од општата пресумпција на невиност дека се додека не се докаже дека некој е виновен, додека некој не се осуди значи е невин – рече Салиу.

Штипска апелација пред две недели му го укина притворот по негова жалба и му одреди мерки за претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…