Неготинските угостители реагираат: Со недели сме во неизвесност и чекаме Решенија за користење на јавна површина!
Група на угостители на локали, лоцирани во централното градско подрачје во Неготино, реагираат дека иако поднеле барања за користење на јавен простор, и иако имале повеќе инспекциски контроли, со недели чекале да добијат Решение за користење на просторот.
Загрижени прашуваат дали евентуално им се подготвува уривање на летните бавчи, кои се единствени места во градот каде младината и повозрасните се дружат, бидејќи во Неготино нема ниту парк, ниту пак други урбано средени локации каде граѓаните би можеле да се социјализираат.
Во писмено јавно обраќање, кое го пренесуваме во целост, тие побараа одговори од неготинскиот градоначалник д-р Горан Стојанов.
-Во општината сите угостители имаме поднесено барања за користење на јавна површина уште пред три месеци, односно однапред, пред истекувањето на важечкото решение. После три месеци добивме пресметка, а некои од сопствениците на локали се уште ја немаат добиено ниту пресметката.
Ние, кои ја плативме веднаш, се уште не сме добиле Решение за користење на јавна површина!
За период од три месеци имавме повеќе од шест контроли, и тоа од Градежен државен инспекторат, Пазарна инспекција, полиција и инспектори од полиција.
Доаѓаше повторно Пазарната инспекција заедно со вработени од општината.
Сите документи и целата постапка околу користењето беше уредна и немаше ниту една забелешка. Замолуваме и бараме итна реакција од градоначалникот, бидејќи покрај уплатата која ја извршивме пред три недели, сите угостители сме под притисок и се наоѓаме во една безизлезна ситуација за која бараме решение, наведено е во јавната реакција на неготинските угостители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неготинските угостители реагираат: Со недели сме во…
Група на угостители на локали, лоцирани во…
Пазарот во Неготино од 17 тони железо…
„Иако помпезно го отворија Мицкоски и градоначалникот…
Бесплатен организиран превоз за протестот за Фросина…
Во сабота во Неготино се организира протест…
Исчезна 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
Семејството и полицијата трагаат по 28 годишниот…
(ФОТО) БРУКА! „И да ми се јави…
Нели вработувањето по партиски клуч и со…