Новиот министер за здравство: Нема да оперирам срце, туку ќе го менаџирам ресорот

t

По критиките дека доктор на информатички науки ќе министерува во здравството, новоизбраниот министер, Азир Алиу, денеска кажа дека тој нема да оперира срце, туку ќе менаџира со ресорот.

„Тоа е вистина, јас сум доктор по информатички науки, не сум лекар, но позицијата што ја имам сега е менаџерска. Јас нема да оперирам срце, туку ќе креирам системи кои ќе бидат оптимални, отчетни и навремени, за да може лекарот или кардиологот да оперира срце, во реално време, со добри инструменти, отчетност кон граѓаните, а не листа на чекање. Обврска на минисерот е тоа, со пациентите ќе работиме заедно за да креираме таков систем. Јас во принцип сум отворен и во сите други менаџерски позиции кои ги имав и креирам работни групи со граѓани, невладени, сите кои се директно или индиректно поврзани со здравството“,кажа Алиу.

Инаку, Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки. Работел како професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.

Тој беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година, а, согласно доставената биографија, бил и на други високи и одговорни позиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…

Дебар Маало ќе се затвора за возила…

Со овој пилот-проект кој веќе е готов…