„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски: Наместо сочувство и институционална поддршка, гледаме обид за дефокус – од суштината
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија реакција на изјавите на премиерот за протестите во Кочани. Тие велат „изјавата на премиерот, во која родителите се обвинети дека „ја напаѓаат власта“ од политички побуди, е крајно неодговорна и срамна“.
„Поминаа речиси три месеци од трагедијата во Кочани, каде 62 млади животи згаснаа во дискотека без лиценца и без почитување на основни безбедносни протоколи. Наместо вистинска поддршка и правда, семејствата на загинатите се соочуваат со молк, игнорирање, а сега и со обвинувања.
Изјавата на премиерот, во која родителите се обвинети дека „ја напаѓаат власта“ од политички побуди, е крајно неодговорна и срамна. Наместо сочувство и институционална поддршка, гледаме обид за дефокус – од суштината, од болката, од системската корупција што доведе до оваа трагедија.
Родителите протестираат зашто го изгубиле највредното нешто – децата. Протестираат за да не се повтори истото. Протестираат за правда. Тоа не е политички напад, но човечка болка која бара одговорност.
Да ги потсетиме властите: граѓаните веќе донирале – преку своите даноци. Не е нивна должност да собираат донации за повредените и нивните семејства. Тоа е обврска на државата. На институциите. На тие што се платени да служат, не да обвинуваат.
Наместо ветувања за инфраструктура во 2030 година, на Кочани сега му треба поддршка. Конкретна. Финансиска. Психолошка. Правна. А најмногу му треба задоволена правда.
Ова не е момент за политички калкулации. Ова е момент за човечност, одговорност и солидарност. Сè друго е бегање од вина и соучесништво во неказнивост“, велат од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…
Ама премирот наш најави бум: Светска банка…
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…