Објавено на:

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

t

Член на американскиот Конгрес го номинираше претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, откако тој посредуваше во постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, објави Фокс њуз .

Претставникот Бади Картер од Џорџија му пиша на Нобеловиот комитет дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и во спречувањето на најголемиот спонзор на тероризам во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.

Трамп доцна вчера прогласи крај на „12-дневната војна“, а прекинот на огнот стапи на сила утрово. Со тоа заврши конфликтот што траеше нешто повеќе од една недела, откако Израел првпат започна напад врз Иран, тврдејќи дека Техеран е опасно блиску до стекнување нуклеарно оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран ги прекина разговорите со САД поради…

Иран официјално објави дека ја прекинува размената…

Трамп ги заостри условите: Вратен предлогот за…

Американскиот претседател Доналд Трамп ги заостри условите…

Иран: Нема договор со САД без целосни…

Иран нема да прифати никаков договор со…

Иран се согласил да не развива нуклеарно…

САД и Иран наскоро би можеле да…

Си-Ен-Ен: На што да се внимава во…

За еден релативно краток „меморандум за разбирање“,…