Цените на нафтата растат поради прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

t

Цените на нафтата денес малку пораснаа откако паднаа оваа недела, главно поради стабилноста донесена со прекинот на огнот меѓу Иран и Израел.

Ројтерс објави дека порастот на цените е под влијание и на податоците што покажуваат дека побарувачката во Соединетите Американски Држави е релативно силна.

Цената на суровата нафта „брент“ порасна за 63 центи, или 0,9 проценти, на 67,77 долари за барел до 11 часот наутро по Гринич, а сличен раст има и за сурова нафта во САД за ист износ, за 60 центи на 64,97 долари.

Суровата нафта „брент“ во вторник достигна најниско ниво од 10 јуни, а суровата нафта „ВТИ“ достигна најниско ниво од 5 јуни, пред Израел да започне напад врз клучните ирански воени и нуклеарни објекти на 13 јуни во Иран.

Побарувачката во Соединетите Американски Држави останува силна, а податоците од индустријата покажуваат дека залихите на сурова нафта во земјата се намалиле за 4,23 милиони барели во неделата што заврши на 20 јуни, соопшти Американскиот институт за нафта.

Трговците и аналитичарите, исто така, гледаат одреден позитивен тренд од очекувањата дека Федералните резерви (ФЕД) наскоро би можеле да ги намалат каматните стапки во САД.

Пониските каматни стапки обично го поттикнуваат економскиот раст и побарувачката за нафта, забележува агенцијата, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата растат поради прекинот на…

Цените на нафтата денес малку пораснаа откако…

Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…

Цените на нафтата паднаа за повеќе од…

Трамп ѝ порача на нафтената индустрија да…

Доналд Трамп, во свој стил и со…

Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст…

Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст,…

Цената на нафтата порасна по израелскиот напад…

Цената на суровата нафта во светот порасна…