Значително поскапување на дизелот овој месец
Од почетокот на јуни цената на дизелот во малопродажба на бензинските низ Македонија поскапи за 8 денари по литар. Причина е новиот конфликт на Блискиот Исток кој имаше влијание на берзите а тоа се пренесе и на малопродажните цени во Македонија.
Па така од 65 денари, колку што чинеше дизелот на почетокот од јуни, сега цената скокна на 73 денари по литар.
Бензините исто така поскапеа но со двојно послабо темпо. Од почетокот на јуни до сега бензинот е поскап за 4 денари по литар и во моментов се продава за 77,5 денари.
Во моментов цената на суровата нафта на светските берзи се движи надолу по првичниот шок. Барел нафта од типот Брент во моментов е околу 67 долари што е за околу 10 долари поевтино од пикот на средината на месецот.
Тоа најавува дека веројатно од стартот на идната недела би можеле да очекуваме надолна корекција на цената на горивата во малопродажба, што би била прва по крајот на мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Значително поскапување на дизелот овој месец
Од почетокот на јуни цената на дизелот…
(Видео) „За пусти пари се запустивте“ –…
Иницијативата Зелена народна стража почна со блокади…
(Видео) Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во…
По една година власт на ВМРО-ДПМНЕ и…
Косово го забрани увозот на овци и…
Привремено е забранет увозот во Косово на…
(Видео) Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен…
Пратеничката група на Левица денеска на прес-конференција…