Муцунски во одбрана на политиките на Трамп: Со издвојување на пет проценти од БДП за одбраната инвестираме во безбедноста на државата
Издвојувањето на 5 отсто од буџетот за одбрана претставува севкупна инвестиција во безбедноста, инфраструктурата и економскиот развој на државата, вели шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски. Тој нагласи дека сите членки на НАТО донеле одлука да издвојуваат до 5% од своите буџети за одбраната до 2035 година.
„Тоа беше одлука донесена со консензус во рамките на Алијансата. За нас се значајни овие одлуки. Одиме кон овие 5%, за да немаме потреба да издвојуваме 30-40% како што денеска мораат некои земји кои имаат конфликти на својата територија“ рече Муцунски.
Средствата ќе опфатат не само воена модернизација, туку и инвестиции во инфраструктурата, сајбер безбедноста, па дури и иновации и стартап компании.
„Сите набавки и мерки што ги презема Министерството за одбрана за модернизација на нашата армија ќе се вкалкулираат во тие 5 проценти“, рече Муцунски.
Трошоците ќе бидат проширени со аспекти кои досега не биле вклучени во дефиницијата на минималниот праг од 2 проценти. Како пример за тоа ги наведе инвестициите во нато-коридорите, инфраструктурата со стратешко и трговско значење, како и капацитетите за сајбер безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Со секое заминување се прекинува нишка во…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 8 Септември…
27-годишник од Македонија убиен во Берлин
Дваесет и седумгодишен македонски државјанин од Радуша…
Латвија планира да воведе царина од 300…
Владата на Латвија планира да воведе царина…
Путин постави рок за освојување на Доњецк…
Кремљ поставил нов рок до кој руските…
Главниот обвинител на Украина поднесе оставка по…
Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко,…