Објавено на:

Рекордни казни би можеле да следат по досега најголемата Парада на гордоста во Будимпешта

t

Рекордно високи казни би можеле да следат по досега најголемата парада на гордоста во Будимпешта, предвиде денеска независниот пратеник Акос Хаџази, еден ден по настанот.

Полицијата распоредила возила со камери за препознавање на лица на настанот на кој присуствуваа повеќе од 200.000 луѓе, објави тој на својата Фејсбук страница. Полицијата не интервенираше директно на вчерашната парада.

– Следните неколку дена ќе покажат што можат камерите, предвиде Хаџази.

Унгарските власти официјално ја забранија 30-та годишна ЛГБТКју Парада на гордоста, повикувајќи се на неодамнешните измени на законот за јавни собири, кои ги донесе владата на премиерот Виктор Орбан. Законодавството ѝ овозможува на полицијата да забрани собири кои „промовираат нехетеросексуални начини на живот“.

Изменетиот закон предвидува учесниците во собир прогласен за „нелегален“ да бидат казнувани со износи до речиси 600 долари. Овие казни можат да се оспорат на суд. Законот исто така дозволува употреба на софтвер за препознавање лица.

Организаторите на ваквите настани би можеле да се соочат со до една година затвор. Градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони од ЛМП, либерална и зелена партија, се претстави како организатор на овогодишниот настан, пренесе ДПА.

Хаџази предупреди дека новите правила би можеле да имаат пошироки импликации, особено за долгорочни демонстрации како што се протестите поради наводна изборна измама. Додека Парадата на гордоста во Будимпешта се одржува само еднаш годишно, рече тој, континуираните движења би можеле да бидат задушени со закана од сериозни казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…