Голем пожар во Кочани, изгоре куќа
Во пожар што избувна околу 14 часот во населбата Трајаново Трло во Кочани изгореа петнаесетина хектари нискостеблести растенија и зимзелена шума.
Огнената стихија што почнала во близина на населбата зафатила една од куќите, која целосно е изгорена, а потоа ветерот неконтролирано го проширил огнот кон блиската шума.
На терен излегоа пожарникарите на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, при што во гаснењето на огнот се ангажирани осум возила. Поддршка во интервенцијата даде и комуналното прептијатие „Водовод“, како и месното население.
-И покрај напорите да спречиме огнот да се прошири кон станбените објекти во месноста Диви градби, поради силниот ветер не успеавме и една од куќите беше зафатена од пламените јазици. Во моментот пожарот е локализиран и оневозможено е неговото ширење по падините на Осоговските Планини, каде има сува вегетација. Според првичните информации, нема повредени лица, но причинета е поголема материјална штета, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.
Пожарот во населбата Трајаново Трло избувнал веднаш по завршувањето на интеревенцијата на пожарникарите при пожарот во фабриката за стиропорни изолациони материјали во индустриската зона во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…