Напад во Шутка – вработен во „Водовод“ претепан со дрвени и железни палки, клоци и боксови
Три лица со дрвени и железни палки, клоци и боксови по главата во средата претепале вработен во пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари.
– На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз еден оштетен вработен во пунктот. Додека тој го паркирал возилото пред влезната врата на објектот, тројцата осомничени го нападнале од зад грб, видно агресивни без посебен повод или причина. Започнале да го удираат со дрвени и железни палки, клоци и боксови по главата и по телото, нанесувајќи и на жртвата тешки телесни повреди – фрактури на повеќе коски. Со насилството била предизвикана вознемиреност и страв и кај други лица – сведоци на настанот – соопшти обвинителството.
Уапсен е еден од осомничените, 29-годишник за кого јавниот обвинител денеска поднесе предлог за определување мерка притвор до Судот. Останатите двајца осомничени се идентификувани две лица од Сингелиќ на возраст од 38 и 40 години, но се во бегство од моментот на извршување на делото, па јавниот обвинител издава насоки за нивно пронаоѓање и апсење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Гостивар: Се работи на нормализирање на…
Општина Гостивар информира дека Главниот кризен штаб…
183.981 евра од хипотека од недвижен имот…
По една година помината во притвор, екс…
Утковски: Затворот во Шутка не е мексикански…
Затворот „Скопје“ не е мексикански картел, може…
Затворот во Шутка со часови без струја!
Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е…
Заталкан куршум пробил во куќа во Шутка
До полицијата пристигнала пријава за уште еден…