Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 51
Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 51, а како што објавува АП, надлежните служби и спасувачите бараат голем број луѓе кои се водат како исчезнати.
Според шерифот на округот Кер, Лари Лит, меѓу исчезнатите се 27 девојки кои биле на одмор во Камп Мистик. Градскиот менаџер на Кервил, Далтон Рајс, изјави дека се стравува дека голем број луѓе се водат како исчезнати.
„Го гледаме ова на два начина: Познатиот број на исчезнати е 27. Не можеме да кажеме колку уште би можеле да бидат водат како исчезнати, бидејќи едноставно не знаеме“, рече Рајс на прес-конференција, објави Си-Ен-Ен.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, им нареди на агенциите кои ги бараат исчезнатите да го сторат тоа под претпоставка дека секој од исчезнатите е сè уште жив.

Тој претходно прогласи вонредна состојба поради поплавите во централен Тексас.
Обилните дождови, кои наврнаа во рекордни количини во некои делови од регионот за само неколку часа, предизвикаа поројни поплави во реката Гвадалупе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силна бура зафати дел од Шпанија —…
Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Силна бура и поплави го погодија Чиле
Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати…
Поплави во Бугарија, прогласена е вонредна состојба…
Во Велико Трново е прогласена вонредна состојба…
Дванаесет загинати, десетици илјади евакуирани поради поплави…
Силни врнежи дожд со поплави неделава ја…