Објавено на:

По реакциите во јавноста Фатон кој го прегази Југослав, заврши во притвор

t

Скопскиот Кривичен суд денеска соопшти дека Кривичниот совет ја преиначил првичната одлука на судијата на претходна постапка и му одредил мерка притвор на обвинетиот Фатон Љ. (25), кој минатата недела со мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола ја предизвика трагичната сообраќајна несреќа во која загина Југослав.

„Кривичниот совет при овој суд ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор на обвинетиот Ф.Љ. Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор Скопје-Скопје“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Според информациите, Фатон Љ. по несреќата избегал од местото на настанот, а во полициската станица се јавил дури два дена подоцна. Првичната судска одлука да му биде одреден куќен притвор предизвика остри реакции во јавноста, особено од страна на семејството на загинатиот и граѓаните на социјалните мрежи, кои побараа построга мерка.

Обвинетиот сега се наоѓа во притвор во затворот во Скопје, додека истражните органи ја продолжуваат постапката за утврдување на сите околности околу несреќата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По реакциите во јавноста Фатон кој го…

Скопскиот Кривичен суд денеска соопшти дека Кривичниот…

Земјотрес во Македонија, еве каде беше епицентарот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…

Првиот круг на локалните избори на 19…

Локалните избори ќе бидат распишани на 7-8…

Во штаб не биле информирани: Кочани има…

Општина Кочани има аплицирано по повикот на…

(Видео) „Сами се бориме со огнот“ –…

Жителите на Чучер Сандево, конкретно на Чучер…