Никој не излезе да објасни зошто не се купува опрема за пожари секоја година!

t

Никој не излезе да објасни зошто не се купува опрема за пожари секоја година. По изјавите на бескрајно харизматичниот и духовит Стојанче во кого некој гледа менаџер ја гледам сериозноста на пристапот. Возила од паркинг на АРМ сочувани левел баба ги возела, пожарникари бараме во јули за 24к плата, пилоти ќе обучуваме од септември веројатно за пожарите во јануари да се спремни и најјакото од се не требало дронови туку Стојанче кој до пред некоја година не го интересирало дали постои ДЗС, сега, пазете ова, ќе им плаќал по едно пиво на селаните пред кооперации и они ќе биле место дронови единица за брзо алармирање за пожари.

Демек оние 5 луѓе што се собираат “Кај Миле” на гајбите во Благодарево после 5 пива кога ништо не гледаат ќе го видат пожарот во планината, исто ко дрон, ќе го извадат телефонот и ќе му ѕвонат на Стојанче ваљда да му кажат. И он изгледа ќе дојде со гранката и ќе го истепа огинот кој што го регистрирале кооперација единиците за известување.

Ама среќа за пратениците за трошоци и за службени коли немаме ваков проблем. За пожарите нека се засрамат овие што не донирале, буџетот си има свои приоритети. И не треба многу со недоверба да се гледа, треба и вие да им верувате ко тие што му веруваат на народот. Еве во Битола, два месеци стара фирма добила тендер од 2.5 милиони евра од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер. Келнер не можеш да најдеш за 2 месеци не па 330 работници ама ете му верувале. Значи треба да се има доверба и со Господ напред некој нешто ќе донира и се ќе биде ок. Добро?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…

(Видео) Русија го остави Киев без струја,…

Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…

Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…

Имаше 69 години, а веста за неговата…

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…

Пожар избувна во висока станбена зграда во…