Рокас: Идентитетот и јазикот никогаш не биле дел од преговарачките рамки, тие најдобро се бранат со членство во ЕУ
Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата.
По однос спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и јазикот, тој потсети дека Европарламентот е независна институција, која носи политички одлуки согласно свои внатрешни процедури.
– Најважно е да се истакне дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки. Идентитетот и јазикот најдобро тие се бранат со полноправно членство во ЕУ, рече Рокас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун,…
Милијардерот и поранешен шеф на Формула 1,…
Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…
Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…
Сиљановска-Давкова: Градењето држава е долг процес, потребни…
По повод 8 Септември, Денот на независноста…
По повод 8 Септември: Почесна артилериска стрелба…
По повод одбележувањето на 8 Септември –…
Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…
Во првата половина од 2026 година, најскапо…