(Фото-галерија) Ова е таа безбедна држава? Запалени возила во Хиподром, на едно лице му е укажана лекарска помош!

t

Едно лице е повредено, а настанал и пожар откако во Хиподром биле запалени возила, дознава Инфомакс.

Соседите велат дека се слушнало експлозија, а испратија и фотографии до нашата редакција.

Од МВР за Инфомакс го потврдија настанот.

– Денеска (14.07.2025) во 04.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Хиподром, скопско, настанал пожар во гаражен простор во склоп на зграда, во кој биле зафатени патничко возило „мерцедес“, патничко возило „бмв“ и мотоцикл „беверли“, сите со скопски регистарски ознаки и сите сопственост на А.С.(32) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од станарите на едно женско лице и била пружена лекарска помош поради вдишување на чад, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…