На патот Истибања – Македонска Каменица се преврте приколка од камион

t

На патниот правец Истибања – Македонска Каменица, во близина на ресторанот „Саваро“, попладнево околу 18 часот се случи сообраќајна несреќа при која се преврте приколка од камион. Како последица на инцидентот, сообраќајот на овој дел од патот е целосно во прекин.

Од СВР Штип го потврдија настанот и соопштија дека на терен е испратена увидна екипа која работи на утврдување на причините за несреќата. Засега не е познато дали има повредени лица.

На местото се очекува пристигнување на специјализирана дигалка која ќе ја отстрани превртената и искршена приколка од коловозот и ќе овозможи нормализирање на сообраќајот.

До завршување на увидот и расчистување на патот, возилата се пренасочуваат кон алтернативни правци. Надлежните апелираат до возачите да бидат трпеливи и внимателни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси половина од трошоците на домаќинствата во…

Речиси половина, односно 46 проценти од вкупните…

(Видео) „Албанија не е на продажба“: Утре…

Албанија утре, 7 септември, се подготвува за…

Австриската министерка Бауер: Придружното членство во ЕУ…

Предлогот за постепена интеграција односно „придружно членство“…

Залутано зрно од огнено оружје рани 71-годишник…

Седумдесет и едногодишен жител на Кондово бил…

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на…

Американските специјални пратеници, Стив Виткоф и Џаред…