(Видео) Лукароска: Со ВМРО-ДПМНЕ Прилеп не е безбеден град, граѓаните не се чувствуваат сигурно ниту дома
Со ВМРО-ДПМНЕ Прилеп стана небезбеден град, прилепчани не се безбедни во своите маала, улици, дворови. Целата јавност е потресена од трагедијата што викендов се случи во Прилеп. Случај што го открива дното до кое е доведена безбедносната состојба во градот, истакна на прес-конференција Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ – Прилеп.
„Овој монструозен чин ја потврдува суровата реалност: Прилеп е во сериозна безбедносна криза. Граѓаните живеат во страв, а државата, институциите и полицијата во Прилеп се парализирани, неспособни и неми. Последниот случај е само кулминација на безредието што подолго време владее во Прилеп, под „раководство“ на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски’, оценува таа. Како што посочи во последната година во Прилеп се запалени 24 возила, опожарен е ноќен клуб. „Во дворови на куќи се фрлаат бомби и се поставуваат експлозивни направи. Угостителските објекти се претворија во бојно поле – места на насилства, тепачки и оружени пресметки. Во Центарот за социјална работа во Прилеп се случи инцидент со пукање, каде службеничка се здоби со прострелна рана. Министерот Панче Тошковски и раководството на полицијата во Прилеп не само што не ги спречуваат овие инциденти, туку со својата незаинтересираност и неспособност ги охрабруваат“, додава таа. Според неа, под нивно водство, МВР е паднато на колена, институциите се потчинети на партиски интереси, а граѓаните оставени сами на себе. Прашува уште колку жртви треба да паднат за некој да понесе одговорност. СДСМ, како што нагласи, бара оставка од министерот Панче Тошковски и итна одговорност од раководството на СВР Прилеп. Бараат началникот и командирот веднаш да бидат разрешени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…