Министерството за правда сè уште чека одговор од ОАЕ за екстрадицијата за Шеваљ Муареми

t

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Обединетите Арапски Емирати за барањето за екстрадиција на Шеваљ Муареми, водач на криминалната група „Дуќанџик“ од скопската населба Грчец. Како што соопштија од Министерството, барањето било испратено на 19 март 2024 година, а примено во ОАЕ на 2 април, но досега нема никаков официјален одговор од надлежните органи таму.

По Муареми на 4 март 2024 година беше распишана и меѓународна потерница од страна на Министерството за внатрешни работи.

Додека тој е во бегство, денеска шестмина членови на криминалната група беа прогласени за виновни од Основниот кривичен суд во Скопје. Тие се осудени за повеќе кривични дела, односно дека продавале кокаин и вршеле убиства по нарачка и за одмазда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмоќните пасоши за 2026 година: ОАЕ е…

Додека европските земји го сочинуваат мнозинството меѓу…

ОАЕ пресретнаа два дрона од Иран

Воздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати во…

Ројтерс: ОАЕ го напуштаат ОПЕК+

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) објавија дека ја…

Во Дубаи уапсен лидер на ирски картел

Лидерот на еден од ирските картели, Даниел…

Шеф на нафтена компанија од ОАЕ: Ормутскиот…

Ормутскиот теснец е затворен и Иран мора…