Доктор од Струга пет години земал плата без да оди на работа
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот К.С. од Струга, вработен како лекар во Општата болница во градот, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Како што информираат од МВР, пријавениот од 1 јули 2019 година па сè до добивањето на отказното решение на 29 ноември 2024 година, не се јавувал на своето работно место, ниту пак го известил работодавачот за прекинот на специјалистичкиот стаж.
Дополнително, од 15 јули 2020 година, кога му истекла важноста на лекарската лиценца, па сè до моментот на отказ, К.С. немал важечка лиценца за работа како доктор по медицина, издадена од Лекарската комора.
И покрај тоа, тој редовно примал плата и други додатоци, со што, како што стои во пријавата, го оштетил буџетот на болницата за вкупен износ од 1.956.569 денари и се стекнал со противправна имотна корист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор од Струга пет години земал плата…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот…
Струга е првата општина со систем за…
Денеска, со цел да извршам увид во…
Во Охрид и Струга вонредни инспекциски контроли…
Вонредни инспекциски контроли на АХВ во туристичките…
Тинејџер од Албанија се преселил во Струга…
Деветнаесетгодишен албански државјанин заработи кривична пријава поради…
Кривична пријава против шест лица од Охрид…
СВР Охрид поднел кривична пријава против В.А.(53)…